Владимир Путин, Си Џипинг и Ким Џонг Ун во придружба на останати лидери како дел од воената парада во Пекинг, Кина - EPA/XINHUA / Shen Hong CHINA OUT / UK AND IRELAND OUT / MANDATORY CREDIT EDITORIAL USE ONLY

Листата на гости на Пекинг како показател за поделбата на светот

Во Пекинг се одржа огромна воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, а кинескиот претседател Си Џинпинг ја искористи приликата да ја претстави својата земја како чувар на новиот меѓународен поредок.

Тоа беше најголемата воена парада во историјата на Кина, а на настанот присуствуваа повеќе од 25 странски шефови на држави и влади, пишува Ројтерс.

Меѓу почесните гости што стоеја покрај Си за време на парадата беа рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, испраќајќи силна политичка порака за сојуз.

Список на гости

На парадата беа:

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Камбоџанскиот крал Нородом Сихамони

Кубанскиот претседател Мигел Диас-Канел

Виетнамскиот претседател Луон Куон

Индонезискиот претседател Прабово Субианто

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан

Казахстанскиот претседател Касим-Џомарт Токајев

Киргистанскиот претседател Садир Џапаров

Претседателот на Лаос Тонглун Сисулит

Малезискиот премиер Анвар Ибрахимз

Претседателот на Малдивите Мохамед Муизу

Монголскиот претседател Ухнаагиин Курелсух

Воениот командант на Мјанмар Мин Аун Хлаин

Непалскиот премиер КП Шарма Оли

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф

Претседателот на Конго Денис Сасу Нгесо

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Словачкиот премиер Роберт Фицо

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон

Туркменистанскиот претседател Сердар Бердимухамедов

Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев

Претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!