Колаж на СП/ Профимедиа

Лидерите на нордиско-балтичкиот формат најавија посилна воена поддршка за Украина

Лидерите на земјите од нордиско-балтичкиот формат објавија, во заедничка изјава со Украина, дека ќе ја зголемат воената поддршка за Киев, оценувајќи дека во последните недели станува сè појасно дека рускиот претседател Владимир Путин не сака мир.

„Путин не сака мир. Тоа го видовме јасно во изминатите недели, а го видовме и многу пати претходно. Украина е подготвена за преговори. Русија сè уште не се обврзала на прекин на огнот или на каков било чекор што би довел до него. Русија претставува долгорочна закана, не само за Украина, туку и за безбедноста на Европа, трансатлантската заедница и поширокиот меѓународен поредок. Ќе ја зголемиме воената поддршка за Украина“, се наведува во соопштението на членовите на овој формат објавено на веб-страницата на данскиот премиер.

Лидерите ја истакнаа итна потреба од забрзување на испораката на оружје, муниција и системи за воздушна одбрана на Украина, пренесува Укринформ.
„Потврдуваме дека само Украина може да одлучува за својата иднина.

Праведен и траен мир бара силни и сигурни безбедносни гаранции за Украина. Ние сме посветени на унапредување на работата за систем на одржливи безбедносни гаранции, развиен во тесна соработка со Соединетите Американски Држави, како и со европските и другите партнери. Исто така, ја поддржуваме цврстата интеграција на Украина во евроатлантската заедница. Русија нема право на вето на патот на Украина кон членство во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.

Лидерите оценија дека доколку на Русија сега ѝ се дозволи да ги оствари своите цели во Украина, другите земји би можеле да го следат истиот пат на воена агресија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно пристигна во Данска на билатерална средба со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, како и разговори со лидерите на земјите од нордиско-балтичкиот формат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!