Лидери од АСЕАН повикаа за отворање на регионален пазар

Лидерите од земјите на Асоцијацијата на држави на Југоисточна Азија (АСЕАН) повикаа денеска на самит во Бангкок за отворање регионален пазар.

Главната тема на годишниот самит е Азиско-пацифичкиот договор за слободна трговија промовиран од Кина.

Кина, која е во трговски спор со Вашингтон, се обидува да го зајакне своето влијание во регионот преку промовирање на договор наречен Регионално интегрирано економско партнерство (РЦЕП).

Доколку биде ратификуван, договорот ќе биде еден од најголемите за слободна трговија во светот, со кој ќе се соберат скоро половина од светското население и повеќе од 30 проценти од БДП во светот.

Премиерот на Тајланд Прајут Чан-О-Ча рече дека регионалната соработка треба да биде приоритет со цел да се подобри поврзаноста помеѓу земјите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот