Левица: Заев е директно одговорен за бегството на неговиот побратим Мијалков

Бегството на главниот и одговорен организатор на криминалите од времето на Груевски и екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, воопшто не изненадува. Напротив, ова е само уште една потврда за јавната тајна дека власта на чело со премиерот Заев и СДСМ се во тесна врска со сите првообвинети од случаите, кои СЈО ги отвори како резултат на „бомбите“, кои пак Заев селективно ги објавуваше од опозиција за време на т.н. „Шарена револуција“, реагираат од опозициската партија Левица.

– Повеќе од јасно е дека ова не е „пропуст“ на Министерството за внатрешни работи кое го води Спасовски. Очигледно е дека и во овој случај, како што беше случај и со претходните бегства на осудени криминалци, раководните структури на МВР се директни соучесници во исполнување на ветувањата, кои премиерот Заев ги даде на криминалците од претходниот режим. Да се потсетиме, токму зборовите на Заев беа дека од него „зло нема да видат ни Сашо, ниту пак Груевски“. Без криминалниот дел на ВМРО-ДПМНЕ не ќе беше реализирана и неуставната промена на името, за што Заев во изјава потврди дека Мијалков разговарал со осумте пратеници и ги охрабрувал да гласаат за Преспанскиот договор. Очигледно слободата за Сашо Мијалков е награда од Заевизмот за устоличувањето на Северна! Кога станува збор за заштита и унапредување на криминалот и корупцијата, СДСМ и Заев како предводници на власта, покажаа дека сѐ што ветија – исполнија и реализираа. Но, кога се работи за ветувањата со кои ја прелажаа пошироката јавност, од нив останаа само слоганите и флоскулите со кои се служат само уште ситно поткупените партиски поттрчковци и лукративни бивши шарени револуционери, се вели во соопштението од Левица.

Според нив, наместо живот за сите, досега јавноста видела само семејни тендери и партиски вработувања од власта.

– Од „живот за сите“ и „нема правда, нема мир“ – видовме само семејни тендери и партиски вработувања; тесна соработка со највисоките криминални структури; лично богатење на функционерите од власта и „бројчаникот“ кој Зоран Заев, како тогашен лидер на опозицијата, го ветуваше на партиските митинзи како регистар на украдените народни пари, кои требаа да бидат вратени во буџетот на државата. Сега остана само истиот бројчаник да се надополни со украдените пари од времето на Заевизмот како надградба на Груевизмот! За надминување на политичката криза во која се наоѓа државата, не е доволна само оставката на Владата, туку и кривична одговорност на функционерите од истата и формирање на преодна влада која ќе спроведе фер парламентарни избори, велат од Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!