Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Леонардо Дикаприо му ја додели почесната Златна палма на Роберт де Ниро

Американската ѕвезда Леонардо Дикаприо на отворањето на 78-от Меѓународен филмски фестивал во Кан му ја додели почесната Златна палма на својот холивудски идол, филмската легенда Роберт де Ниро.

„Чест ми е што сум тука и му оддавам почит на некој што беше пример за цела генерација актери, нашиот идол Роберт де Ниро. Делото на Роберт де Ниро не е само за улогите што ги игра, туку и за начинот на кој ги охрабрува актерите да го гледаат занаетот не само како изведба, туку и како трансформација“, изјави Дикаприо.

Леонардо Дикаприо (50) и Роберт де Ниро (81) неодамна беа заедно во филмот на Мартин Скорсезе „Убијци на цветната месечина“, кој го претставија во Кан во 2023 година.

Двајцата актери претходно глумеа заедно во филмот на Мајкл Катон-Џонс од 1993 година и филмот на Џери Сакс од 1996 година „Собата на Марвин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот