Фото: ЛДП

ЛДП: Градскиот парк како џунгла поради високите неискосени треви

Обраснати грмушки, неискосена трева, запуштени езерца, неискастрени дрвја и расфрлани отпадоци – ова е сликата која ги пречекува скопјани секој ден кога ќе одлучат да го посетат Градскиот парк во Скопје, велат од политичката партија ЛДП Скопје.

-Неспособноста не само на актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, туку и на целото градско раководство, уште еднаш излегува на површина со несреќната состојба во која се наоѓа Градскиот парк во пролет, кога и е најпосетен. Наместо простор за одмор и рекреација на граѓаните, од кои голем дел се родители со бебешки колички и мали деца, најголемиот парк во градот е оставен обраснат со треви и потсетува повеќе на џунгла, отколку на современ „градски парк“ – велат од партијата во соопштението.

Од ЛДП истакнаа дека, како што велат, неспособноста и неработењето на градското раководство во Скопје се аргумент плус во насока на предлогот за враќање на одредбата за референдумско отповикување на градоначалници, кое следи како дел од измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кои веќе се наоѓаат во собраниска процедура, предвидуваат воведување на механизмот за отповикување на градоначалник.

Фото: ЛДП

Од партијата ги повикаа Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, како надлежни за одржувањето на Градскиот парк, во најбрз можен рок да го искосат обраснатото зеленило и да им овозможат пријатен и нормален престој на сите посетители во паркот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот