
Лажни се дојавите за бомби, полицијата ги провери училиштата низ Србија
Министерство за образование на Србијаа соопшти дека сите пријави за поставени бомби во основните и средните училишта во државата се лажни. Учениците се вратени на настава, откако полицијата завршила со проверката во објектите.
Препорачано
Министерството за внатрешни работи пак соопшти дека до 9:30 часот на подрачјата на сите полициски управи на територијата на Република Србија, било пријавено дека се поставени бомби во вкупно 807 основни и средни училишта.
Ангажирани биле полициски службеници од надлежните полициски управи и Полициската управа за градот Белград, Управата за криминалистичка полиција и Техничката управа. За сè е информирано надлежното обвинителство, додаваат од министерството.
Утрово, Министерството за образование ги потсети училиштата на упатствата за тоа како да постапат во случај на пријава за експлозивна направа. Заради заштита на учениците и вработените, потребно е училиштата веднаш да ја известат полициската администрација и да дејствуваат исклучиво во соработка и координација со претставници на Министерството за внатрешни работи. Министерството за образование апелира да се почитуваат сите усвоени безбедносни процедури и да се избегне ширењето паника.
„Министерството за образование остро го осудува секој обид за нарушување на редовниот образовен процес во Србија и верува дека надлежните институции ќе утврдат од каде доаѓаат и што е причината за овие обиди за дестабилизација на образовниот систем“ се вели во соопштението од министерството.
ВИДЕО | Дојави за бомби во училишта низ цела Србија, родителите во паника