
Лавров: Изјавите на САД за ракетите Томахавк се резултат на европски притисок
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес оцени дека изјавите на Вашингтон за можна испорака на ракети Томахавк на Киев се дадени под притисок од европските земји, пренесува Спутник.
Препорачано
„Мислам дека ова е првенствено резултат на европскиот притисок врз Вашингтон, а Вашингтон сака да покаже дека ги зема предвид мислењата на своите сојузници. Не мислам дека сè уште е конечна одлука. Американците не им испорачуваат на сите ракети Томахавк“, изјави Лавров пред новинарите по 22-от состанок на Меѓународниот дискусиски клуб Валдај.
Тој го рече ова коментирајќи ја изјавата на потпретседателот на САД Џ.Д. Венс дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можна испорака на крстосувачки ракети Томахавк на Украина, но дека конечната одлука останува кај американскиот лидер, пренесува РИА Новости.
Лавров рече дека Русија верува дека испораките на оружје на Украина го попречуваат решавањето на спорот, директно ги вклучуваат земјите од НАТО во конфликтот и претставуваат „играње со оган“.

Тој истакна дека секоја пратка што содржи оружје наменето за Украина би била легитимна цел за Русија.
Шефот на руската дипломатија додаде дека „тоа прашање не е целосно решено“.
„Не мислам дека се работи за одлука што е веќе донесена“, рече Лавров и додаде дека дури и ако ракетите „Томахавк“ бидат испорачани во Украина, тоа нема да ја промени воената ситуација на терен.
Зборувајќи за планот на Белата куќа за прекин на војната во Газа, кој беше објавен вчера, Лавров рече дека Кремљ не е запознаен со тој документ и дека конечното мислење за планот може да се формира само откако арапските земји ќе го искажат своето мислење.
„Не го видовме овој план, само слушнавме коментари за тоа што содржи“, истакна тој.
Лавров изјави дека Русија не била поканета да се приклучи на меѓународната