Рубио - Лавров / Фото: EPA/FAZRY ISMAIL

Лавров и Рубио на иста маса во Њујорк денес напладне

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе имаат разговори на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во распоредот на државниот секретар е наведено дека секретарот Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Њујорк во 12:00 часот или 18:00 часот по централноевропско време.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека средбата ќе се одржи во среда.

Според руските медиуми, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин изјави дека средбата Лавров-Рубио е закажана на маргините на сесијата. Лавров, кој ја предводи руската делегација, веќе пристигна во Њујорк за да учествува на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот