Дмитири Кулеба, украински министер за надворешни работи/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Кулеба: Украина од средбата Путин-Бајден очекува договор за повлекување на руските сили

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, денеска учествува на Советот за надворешни работи на ЕУ и бара конкретни чекори од Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Кулеба пристигна утрово во седиштето на Советот на ЕУ каде кусо се обрати пред новинарите порачувајќи дека ЕУ треба да испрати јасни сигнали до Русија.

-Има многу одлуки што може ЕУ да ги донесе за испрати порака до Русија дека нема да се толерира ескалација и дека ќе биде оставена Украина на себе, рече Кулеба.

За шефот на украинската дипломатија тие пораки можат да бидат поддршка за развој на одбранбениот сектор на Украина, за борба против сајбер напади и санкции против Русија.

-Постојат добри и легитимни причини да се донесат санкции сега, ЕУ да покаже дека делува, а не само дека зборува, додаде украинскиот министер Кулеба.

Дилемата во ЕУ дали санкции против Русија треба да бидат изречени превентивно или само во случај на инвазија на Украина, околу ова денеска, меѓу другото, ќе се дебатира помеѓу министрите за надворешни работи на ЕУ.

Запрашан за средбата Путин-Бајден, свикана од страна на Емануел Макрон, Кулеба изјави дека го поздравува овој самит и дека секој напор за деескалација е добредојден. Украина добила уверување од САД дека на оваа средба “ниедна одлука нема да се донесе зад грбот на Украина”.

-Се надеваме дека двајцата претседатели ќе излезат оттаму со договор за повлекување на руските сили од Украина, ако тоа не се случи значи дека Русија останува на логиката на ескалација, изјави Кулеба од Брисел. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот