Онкологија /Фото: / ''Слободен печат''/ Слободан Ѓуриќ

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Васев и Нухи

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи. Остануваат и претходно изречените мерки за претпазливост, соопшти попладнево судот.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство“, соопштија од Кривичниот суд.

Против овие решенија, двајцата имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и обвинителката Ана Гоговска Јакимовска вчера на прес-конференција информираа дека се поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози.

Тие се обвинети дека организирале малверзации со набавката на лекови за онколошките пациенти, со која го оштетиле буџетот на државата за над 35 милиони евра.

Се бара притвор за поранешните директори на Онкологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот