Крунисувањето на Чарлс Трети го следеле околу 14 милиони гледачи на Би-Би-Си

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети во саботата го следеа околу 14 милиони гледачи на Би-Би-Си, што укажува на многу помал број во споредба со крунисувањето и погребот на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Околу 13,4 милиони гледачи, од вкупно 67 милиони жители во Велика Британија, ја следеа церемонијата на крунисувањето на двата главни канали на Би-Би-Си.

Таа бројка се искачи на повеќе од 14 милиони во времето кога беше поставена круната на 74-годишниот крал, објави денеска прес-службата на британската телевизиска мрежа.

Останатите канали не ги соопштија своите податоци, но на Би-Би-Си отпаѓа голем дел од публиката за ваков тип настани.

За погребот на Елизабета Втора во септември минатата година, просечната публика беше повеќе од 26 милиони гледачи, вклучувајќи 18,5 милиони на Би-Би-Си.

Нејзиното крунисување во 1953 година, првото што беше телевизиско, го гледале 27 милиони луѓе во Велика Британија, според Бакингемската палата, а погребот на принцезата Дијана го следеа 32 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот