Крунисан новиот британски монарх – кралот Чарлс III

Велика Британија денеска официјално доби нов монарх – кралот Чарлс Трети. На церемонијата пред високите личности во Вестминстерската опатија во Лондон, на кралот му беше врачена круната на Свети Едвард, која ќе ја носи само еднаш во животот. Во салата се слушаше „Боже чувај го кралот“.

Претходно, со рацете на Библија, новиот крал положи заклетва, ветувајќи дека за време на неговото владеење ќе ги почитува законите и англиската црква и дека ќе биде „лојален протестант“.

Чарлс ја наследи својата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина минатата година.

EPA-EFE/Tolga Akmen

Во исто време, сопругата на Чарлс, Камила, повеќе нема да ја носи титулата кралица сопруга, туку само кралица.

За разлика од крунисувањето на Елизабета во 1953 година, кога имаше околу 8.000 гости, оваа церемонија беше нешто поскромна – во Вестминстерската опатија имаше околу 2.000 гости, меѓу нив имаше државници, претставници на верски заедници, актери, пејачи и други познати личности, како и Џил Бајден, сопруга на американскиот претседател Џозеф Бајден и Олена Зеленски, сопруга на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Какво ќе беше крунисувањето на кралот Чарлс ако принцезата Дијана беше сѐ уште жива?

Чарлс и Камила: Сакаше да биде нејзин тампон, ги преживеаја критиките на јавноста, а денес ќе ја крунисаат својата врска

ФОТО+ВИДЕО | Шоубиз ѕвезди во Вестминстерската опатија: Кети Пери едвај го најде своето место

Принцот Хари пристигна на крунисувањето, го седнаа во четвртиот ред

Принцот Вилијам и принцезата Кетрин воодушевија: „Таа е родена за да биде кралица“

ФОТО+ВИДЕО | Се проѕеваше и ѝ мавташе на толпата: Принцот Луис „го украде шоуто“ на крунисувањето на дедо му

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот