WorldAquatics/X

Круна за „Црвената фурија“ – Шпанија е новиот светски шампион во ватерполо

Ватерполистите на Шпанија се новите светски прваци!

Во финалето на Светското првенство во Сингапур, Шпанија ја совлада селекцијата на Унгарија со резултат 15:13 и со тоа ги обедини европската и светската титула. Со овој триумф, Шпанците ја потврдија својата доминација и се етаблираа како најголема сила во ватерполо во моментов.

Финалето беше неизвесно до самата завршница. Унгарците водеа со 10:9 пред почетокот на последната четвртина, но тогаш Шпанија одигра фантастично и со одлична серија во последните осум минути целосно го сврте резултатот во своја корист.

Легендарниот 39-годишен Фелипе Пероне на овој начин се прости од репрезентативната кариера, и тоа со највредниот можен успех – светска титула.

Најефикасни и најзаслужни за златото беа бековите Алваро Гранадоc и Бернард Санахулја, кои постигнаа по пет голови. Во унгарската селекција се истакна Ѓерѓели Буријан со три гола, но тоа не беше доволно да се спречи шпанскиот триумф.

Со оваа победа, Шпанците ја освоија својата четврта титула светски шампион, со што се изедначија со рекордот на Унгарија, Италија и Србија.

Да потсетиме, Србија остана без медал на ова првенство, откако загуби од Грција во борбата за третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот