Центар за јавно здравје - Охрид / Фото: МИА

Кривична пријава за поранешниот директор на Центарот за јавно здравје во Охрид

Ексдиректорот на Центарот за јавно здравје во Охрид доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти полицијата.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(61) од Охрид, поранешен директор на ЈЗУ-Центар за јавно здравје-Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во 2023 и 2024 година презел службени дејствија ангажирајќи лица со договор за дело, без да обезбеди финансиска согласност од Министерството за финансии а на кои редовно им биле исплаќани приходи, со што ги пречекорил границите на своите службени овластувања“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот