Фото: Димитриј Богдановски / Google Maps

Кривична пријава против 12 лица, оштетиле банка за над 10 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против 12 лица, од кои 10 се државјани на Македонија и две лица државјани на Косово за кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“ и за „соизвршителство“.

Како што денеска соопштија од МВР, пријавените во текот на јануари 2023 година извршиле злоупотреба на платежни картички издадени од банка во Македонија на начин што користеле активни странски компании (со физички или виртуелен терминал) преку кој се иницирале неовластени авторизации за враќање на средства, кои трансакции кај банката не се испраќале како трансакција за книжење, па според тоа немало влијание на реални трансакции на продажното место, но од друга страна нереално се зголемувала состојбата на сметката на платежната картичка што се користи за трансакцијата за износот на направената рефундација.

На тој начин пријавените како корисници на платежни картички ги користеле овие средства за сопствени потреби и неовластено се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 10.719.807 денари, а за истиот износ ја оштетиле банката издавач на платежните картички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот