Кривична пријава и за градоначалникот на Кичево поради дивата депонија во населена зона

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата ” и „загрозување на животната средина и природата со отпад “.

Тој, постапувајќи несовесно при извршување на своите законски обврски и не вршење должен надзор, од 2020 година, работел спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина, дозволил да биде формирана дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработени секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи, односно со нив да постапуваат на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на луѓето или животните и растенијата со што, го загрози нивниот опстанок.

Претходно, кривична пријава добија и директорот на ЈКП „Комуналец“ во Кичево, Зендел Јонузи и четворица вработени во ова претпријатие. Како што соопштија од МВР, Јонузи создал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи.

Кривична пријава против градоначалникот на Кичево – го оштетил буџетот за 64.000 евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот