Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Кражба на кабли ја парализира железничката линија Париз-Лион
Нова кражба на кабли предизвика прекини во сообраќајот и доцнења, како и откажувања на поаѓања во двата правци на железничката линија Париз-Лион, објави денес француската национална железница SNCF.
Препорачано
Во соопштението се додава дека проблемите во железничкиот сообраќај на таа рута се очекува да траат до доцна вечерва, објави парискиот весник Фигаро.
„Причината за проблемот е кражбата на кабли, што предизвика дефект на сигнализацијата“, соопшти SNCF.
Додаде дека се очекуваат доцнења до два часа, како и откажувања на поаѓања на возови.
„Работите за поправка на сигнализацијата ќе траат неколку часа. За да се заобиколи зоната на инцидентот, некои возови ќе бидат пренасочени на алтернативна рута“, соопшти компанијата.
На станицата Гар де Лион во Париз беше објавено дека неколку возови ќе бидат доцнети помеѓу еден час и 2 часа и 20 минути попладнево поради овој „чин на вандализам“.
SNCF често се соочува со кражби на кабли што го нарушуваат редовниот железнички сообраќај, а во февруари сообраќајот беше привремено запрен во северна Франција поради оваа причина, додека на крајот на јуни истото се случи и на линијата помеѓу Лил и Арас, потсети Фигаро.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5