Фото: Jules / Flickr

Рекордно поскапување на кравјиот путер во Европа

Цената на кравјиот путер драстично порасна во последните месеци и сега се тргува на рекордно ниво низ Европа. Цената на млечните производи произведени во Европа надмина 8.700 долари за тон, што е за 83 отсто повеќе од годишно ниво, покажуваат најновите официјални податоци на ЕУ. Ова е лоша вест за пекарите и слаткарите токму на време за активни подготовки за божиќните празници и во позадината на зголемените цени на чоколадото и шеќерот, забележува Ројтерс, пренесува „Сега.бг.њус“. Кои се причините за ова поскапување? Пред сè, ограничени залихи со зголемена побарувачка за нафта.

„Глобалното производство на млеко малку закрепна во 2024 година, но остана ограничено во споредба со зголемената побарувачка, што доведе до тоа преработувачите на млеко да претпочитаат да произведуваат поконкурентни производи како сирење наместо путер“, коментира Мајкл Харви, висок аналитичар за динамика на пазарот на млечни производи на финансиската групација „Рабобанк“.

Производството на млеко во ЕУ порасна за 0,7 отсто меѓу јануари 2023 година и јули 2024 година, покажуваат најновите бројки на ЕУ. Во истиот период, производството на путер падна за 1,6 отсто со залихи на историско најниско ниво, додека производството на сирење се зголеми за 3,2 отсто. Порастот на европските цени на путерот беше поттикнат и од стравувањата од натамошен пад на понудата поради ширењето на кравјите болести во Западна Европа, како што се син јазик и епизоотската хеморагична болест, велат аналитичарите. Само во септември цените на млечниот путер поскапеа во просек за 2,3%, а претходниот месец растот беше над 5%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот