КРАШ БАР, општествено одговорен угостителски објект во центарот на Скопје

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Еден од првите угостителски објекти кои се приклучија на иницијативата е „Краш бар“ (Crash bar) во центарот на Скопје, одлично место за „кулирање“ со неверојатно богат избор на пиво и храна, но и домаќин на разновидни настани.

„Краш бар“ – лежерно место со фантастичен избор на храна и пиво во одлична, опуштена атмосфера

Уште пред да влезете во „Краш бар“, пред објектот ќе ве пречека еден хумористичен напис, кој гласи: „Имаме ладно пиво како свекрва ти“ – и навистина, тука дефинитивно ќе имате можност да вкусите квалитетно ладно пиво.

Но, она што го разликува „Краш бар“ од другите угостителски објекти е тоа што ова место нуди неверојатно голем избор на пиво – кога велиме голем, мислиме на над 50 различни пива! Значи, тука сериозно го сфатиле предизвикот да има пиво за сечиј вкус. Ние го прифативме предизвикот и вкусивме неколку белгиски пива по кои дефинитивно ќе се вратиме повторно.

„Краш бар“ е како создаден за опуштање за време на или после работа, со колеги и пријатели, службено или приватно. Ова го тврдиме затоа што откако ќе влезете, без сомнеж, ветуваме дека ќе ги забележите и нaјудобните кауч и фотељи во градот, а ако имате среќа и не е преполно, ќе си го фатите најопуштеното место за храна и пијалок, како и да прочитате што има има ново и што се случува околу нас со нивната понуда на Слободен печат за сите посетители.

Освен по пивото, „Краш бар“ е познат по своите бургери, а оттаму ни го истакнуваат „смеш биф бургер“, па запамтете што да побарате за јадење кога ќе ги посетите.


„Краш бар“ е домаќин и на приватни забави и разновидни јавни и приватни настани. Она што многу ни се допадна за ова место е долното ниво на барот, кој изгледа фантастично. Тука, може да одморите во мир, да прочитате нешто или да работите, а истото место се преобразува и во идеална локација за следење спортски настани, концерти и се’ друго ќе им падне на памет на креативните сопственици на ова кул место.

Живееме и работиме за подобро општество, шириме позитива и ве испраќаме дома најадени и напиени, исто како кај баба ти на гости да си бил, ни рекоа од „Краш бар“ кога ги прашавме која е целта на нивното постоење.

Совесно тврдиме дека така си заминавме, задоволни од врната услуга и пријателската атмосфера во „Краш бар“, ова е место во кое често ќе се враќаме.

ЛОКАЦИЈА: Булевар Свети Климент Охридски број 18 (Спроти Влада на РСМ)
РАБОТНО ВРЕМЕ: од понеделник до четврток 09:00 – 00:00 / петок 09:00 – 01:00, сабота 10:00 – 01:00 (недела неработен ден)
СЕ ЧИТАМЕ ВО „КРАШ БАР“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот