Насер Селмани во гостување на ТВ24 / 2 ноември 2021 / фото: ТВ24/принтскрин

Ковачевски може да ги расипе плановите на ВМРО-ДПМНЕ за брзи избори, смета Селмани

Новинарот и аналитичар Насер Селмани во вечерашната емисија „24 анализа“ рече дека нема да има крупна промена на политичката слика во земјата по изборот и реизборот на лидери на двете најголеми политички партии, за кои тој забележува дека и не си честитаа.

– Нека си се борат за интересите кои ги застапуваат, но сега и двете страни се еуфорични во најавите дека ги чекаат важни случувања. По резиборот на Мицкоски, очекуваат дека побрзо ќе издејствуваат вонредни избори, но не треба да се потценат и најавите на Ковачевски. Треба да му се даде шанса. Тој ќе може да ги прими нападите од опозицијата и да и ги расипе плановите за брзи избори, рече Селмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот