Андреј Ковачев, бугарски европратеник/Фото: Скриншот

Ковачев: Северна Македонија бега од договорот со Бугарија како ѓавол од темјан

Во јануари се очекува ЕП да усвои резолуција за фалсификување на историјата, нагласи бугарскиот европратеник од ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев и даде детали за овој европски документ.

„Темата е поврзана со дезинформации и манипулација со историски факти, настани, личности, со цел да се аргументираат актуелните политички одлуки. На пример, најстрашниот случај е руската агресија во Украина со аргументот дека тие се борат против нацизмот во Украина. Тоа, се разбира, е бесрамна лага која нема никаква врска со реалноста. Тоа е заштитен знак на тоталитарните режими кои ги оправдуваат нивните злосторства – убиства, депортации, масовен терор со манипулации на историски факти“, посочи Ковачев.

Според него, комесарката за проширување, Марта Кос, јасно и категорично потврдила дека договорите мора да се исполнат.

„Таа ова го кажа на сослушувањето на надворешната комисија во ЕП и потврди дека не само што промената на Уставот и вклучувањето на Бугарите и во преамбулата и во сите други делови од Уставот на Република Северна Македонија, каде што се набројуваат деловите на народите се наведени, туку и спроведувањето на договорот со Бугарија заедно со протоколите, а гледам дека од тоа бегаат како ѓавол од темјан“, рече бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Тој нагласи дека е нелогична целата дипломатска офанзива што ја спроведува македонскиот премиер Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одејќи во обиколка на Париз, Брисел, Берлин и Вашингтон за да објаснуваат дека не сакаат дополнителни услови.

-Нема дополнителни услови, се е во преговарачката рамка. А сега кога видоа дека тоа е така се обидуваат и да ја променат таа преговарачка рамка и да се најдат лобисти во Европскиот Парламент и во Советот од некои држави членки да не се споменува во заклучоците на Советот преговарачката рамка што е нон сенс, апсолутно е нелогично. Преговарачката рамка е основата за секоја држава, нагласува Ковачев.

Тој додаде дека таквата дипломатска офанзива на Скопје не може да има успех зошто Бугарија не може да се сложи со промени во преговарачката рамка зошто комесарката Кос веќе нагласи дека такво нешто не се случило досега во ЕУ. Нагласи дека се работи за европска преговарачка рамка, а не за бугарски диктат како што ја претставува Мицкоски и запишано е дека Европската Комисија го следи исполнувањето на договорот со Бугарија и на протоколите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот