Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ

Костова: Илјадници вработени оставени без плата, СДСМ бара одговорност од власта

„Неспособноста на Владата предводена од ДПМНЕ е на виделина. Илјадници вработени во јавниот сектор, во Култура, во Министерството за економија, Центрите за социјална работа, Пазарниот инспекторат, Трудовиот инспекторат, власта ги остави без плати, со недели после законскиот рок за исплата на плати. Ова не е административен пропуст, ова е неспособност. Но ова е и директно кршење на законските права на работниците и понижување на нивното достоинство за што треба да има одговорност“, изјави денеска Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

„Ја повикуваме трудовата инспекција сега да направи надзор во Министерството за економија и труд, како што поднесуваат кривични пријави за други работодавци за неисплатени плати да поднесат и за министерот. Ете до каде не доведе власта на ДПМНЕ денес. Во Македонија веќе не се зборува за економски развој, не се зборува за поголеми плати туку за тоа дали Владата воопшто ќе успее да исплати плати. Додека функционерите на ДПМНЕ уживаат во луксузи со папаја и манго, работниците се оставени без плати, без основна егзистенција. Тотална незаинтересираност на власта за граѓаните, за вработенте, за македонскиот работник“, рече Костова.

„СДСМ бара: Итна исплата на платите на сите вработени во јавниот сектор. Одговорност за доцнењето и непочитувањето на законските обврски. Да се обезбеди раст на минималната и просечната плата, во чекор со растот на трошоците за живот. Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и мора да бидат почитувани“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот