Бисера Костадиновска Стојчевска / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Костадиновска Стојчевска: До пладне Мицкоски зборува против ДУИ, попладне прави договори

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „24 Анализа“ истакна дека приказните на ВМРО-ДПМНЕ за прераспределба на јавната администрација паднале во вода, а заложбите за поефикасна администрација не им биле вистинска цел, туку само „задоволување на партиските математики и апетитите на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери“.

„Целата реторика на ДПМНЕ 7 години беше ДУИ во опозиција и си го погази тоа. Ја видовме старата љубов на ДПМНЕ и ДУИ како дојде на сцена и тој закон се изгласа со ново мнозинство“, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека законот го потпиша претседателката на државата, иако во 2019 тврдеше дека не треба да има повеќе од 14 министри, а сега има 20 министри, заменици, државни секретари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот