Костадин Костадинов-градоначалник на Струмица / Фото „Слободен печат“- Драган Митрески

Костадинов избран за личност на годината од Фестивалот на Југоисточна Европа

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, е избран за личност на годината од Фестивалот на Југоисточна Европа-Париз, Берлин, Вашингтон. Оваа одлука на струмичкиот градоначалник му ја соопшти амбасадорот Јордан Плевнеш во име на Уметничниот одбор на Фестивалот.

Според Плевнеш, покрај тоа што Фестивалот е препознатлив прозорец на културата на Југоисточна Европа и кинематографиите на овие земји во светот, има признание кое се вика „личност на Југоисточна Европа за 2024 година“.

„Тоа е Костадин Костадинов кој низ своето обраќање денеска коешто беше снимено од специјалната екипа, ќе ја пренесе славата на Струмица на сите меридијани бидејќи тоа е град којшто е познат на мапата на светот по една долга духовна историја којашто започнува од антиката, низ римското време, низ средновековниот период. И Светите 15 маченици влегуваат во европските и светските трезори на светската меморија и фестивалот во Париз, Берлин и во Вашингтон, ќе ја откријат таа димензија, бидејќи во вашиот град се одржуваат два значајни меѓународни фестивали „Ристо Шишков“ и „Астер фест“, но исто така, Струмица е еден вид градина на Балканот со својата исклучителна позиција во доменот којашто е на врвот на она што би се нарекло европеизација на Балканот“, рече Јордан Плевнеш.

Градоначалникот Костадинов се заблагодари на признанието и рече дека ова огромно светско признание го посветува на сегашните и идните генерации струмичани и струмичанки.

„За мене е важно препознавањето на силните заложби на општинската администрација, на Советот на Општината за прво негување на културното наследство, негување на културата во Општина Струмица и пред се, фокусот на трансформација на Општина Струмица преку силните капитални инвестиции коишто се реализираат во нашиот град и во сите населени места. Особено во делот на вело патеките и во делот на имплементација на електрифициран јавен превоз со што Струмица е прв град на Балканот којшто имплементира таков проект“, рече Костадинов.

Признанието на струмичкиот градоначалник ќе му биде врачено на Фестивалот што се одржува во јуни, во Париз, Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот