Фото: МИА

Косовската опозиција ја обвинува владата дека настојува да ги стави медиумите под контрола

Пратеничката на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Блерта Делиу-Кодра ја обвини Владата дека се обидува да изврши контрола врз онлајн медиумите и вели дека со тоа врши напад врз медиумите и слободата на говорот.

Делиу-Кодра ја повика Владата да се откаже од предлог-законот за Независниот совет за медиуми (КПМ), кој вчера беше одобрен од собраниската Комисија за администрација и медиуми, оценувајќи дека тој води кон „авторитаризам и цезура“ во државата.

„Тој (предлог-законот) е спротивен на стандардите на Советот на Европа и на ОБСЕ. Обидот на Владата да изврши контрола врз онлајн медиумите е напад врз медиумите и врз слободата на говорот. Опасностите ја надминуваат забраната на слободата на говорот, отворајќи пат за авторитаризам и цезура“, изјави Делиу-Кодра на денешната собраниска седница.

Според неа, Владата испраќа порака до меѓународната заедница дека „не сме посветени на зачувување на вредностите за кои долго време работиме“.

„ПДК ја повикува Владата да го повлече овој опасен предлог-закон пред да биде предоцна. Предлог-законот е продолжување на непријателскиот однос на Владата кон медиумите и новинарите, рече Делиу-Кодра, оценувајќи дека Владата сака да го стави под контрола КПМ, со тоа што брпјот на членови од седум, колку што се актуелно, со новиот предлог ќе се зголеми на 11.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!