Фото: Архива

Косовец во САД осуден на 10 години како терорист на ИСИС

Лирим Сулејмани (49), роден во Косово и американски државјанин, е осуден на 10 години затвор од федералниот суд во Вашингтон за учество во воена обука со терористичката организација ИСИС и за учество во најмалку една вооружена конфронтација против коалициските сили предводени од САД.

Сулејмани, познат и како Абу Сулејман ал-Косови, се изјасни за виновен во декември 2024 година за добивање воена обука од означена како терористичка организација.

Покрај затворската казна, федералниот судија нареди тој да остане под доживотен надзор по ослободувањето.

Според судските документи, Сулејмани отпатувал во Сирија во ноември 2015 година со своето семејство за да се придружи на Исламска држава.

По пристигнувањето, тој поминал 21 ден воена обука, а потоа се приклучил на борбена единица во Мосул, Ирак, каде што добил оружје и борбена опрема, вклучувајќи автоматска пушка АК-47 и гранати.

Тој, исто така, му се заколна на верност на тогашниот лидер на ИД, Абу Бакр ал-Багдади.

Во мај 2016 година, Сулејмани бил испратен на фронтовската линија каде што бил повреден од шрапнели од експлозија.

Откако се опоравил, бил префрлен во друга единица и продолжил да служи за ИСИС, дури и добивач плата за својата активност.

Во 2019 година, додека ИСИС губеше територија, тој се пресели со семејството во Багуз, Сирија.

Сулејмани беше заробен на 27 февруари 2019 година од страна на Сириските демократски сили и беше задржан во затворот Дашиша.

Во септември 2020 година, тој беше предаден на американските власти и испратен во САД за да се соочи со правдата.

„Ова лице ќе помине една деценија во затвор размислувајќи за своето предавство кон својата земја“, рече американската обвинителка Џанин Пиро.

Случајот го истражуваше Заедничката работна група за борба против тероризмот на ФБИ, а го гонеа обвинители од Одделот за национална безбедност на Министерството за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот