Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Кошта: Геополитичкиот контекст бара нов поттик во соработката на ЕУ со Западен Балкан
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта испрати писмо до лидерите на ЕУ во пресрет на претстојниот состанок на Европскиот совет и Самитот ЕУ-Западен Балкан, кои ќе се одржат подоцна овој месец во Брисел. Тој нагласи дека проширувањето на ЕУ е главна геополитичка инвестиција и дека моменталниот геополитички контекст бара нов поттик за ангажманот на ЕУ со земјите од регионот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На 19 декември, Европскиот совет ќе дискутира за ситуацијата во Украина и за улогата на ЕУ во глобалниот контекст. Претседателот на Украина Володомир Зеленски ќе присуствува за да сподели информации од теренот и предлози за поддршка на Украина. Кошта истакна дека е потребна заедничка стратегија за глобалниот ангажман на ЕУ.
Тој подвлече дека проширувањето е клучна геополитичка инвестиција за ЕУ и нагласи дека ЕУ мора да ја зајакне својата улога преку создавање поширока мрежа на партнери, зајакнување на трансатлантските врски и унапредување на односите со Велика Британија, особено во безбедноста и одбраната.
Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 18 декември, а главните теми ќе бидат примена на Планот за раст, регионалната интеграција и можностите за понатамошно унапредување на постепената интеграција на регионот со ЕУ. Во текот на работната вечера ќе се разговара за заедничките геополитички предизвици.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
28мин
-
36мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5