Компанијата „Свод Мастер“ која стои зад платформата „Глеј“ го објави проспектот за иницијалната понуда на акции

Компанијата Свод Мастер ДОО Скопје која стои зад стриминг платформата „Глеј“ преку Македонската берза го објави проспектот за иницијалната понуда на акции. Според проспектот компанијата ќе се обиде да собере 120 милиони денари или 1,95 милиони евра.

Бројот на акциите што се запишуваат е 200.000, а продажната цена на една акција е 600 денари. Иницијален датум на запишување е 25 јуни, а последен датум за запишување е 25 август. Јавната понуда како што информираат од таму, ќе биде преку модел на минимална цена со примена на принципот на приоритет на налози со повисока цена и порано време на внес на налогот во БЕСТ системот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот