Ветерници/ Фото: Архива на Слободен печат

Компанија од Дубаи купила проект на ветерен парк во Србија

„Алказар енерџи партнерс“ најави купување на проектот на ветерна електрана „Целзиус 1“ во Србија од австриската компанија „РП Глобал“. Покрај тоа, Алказар планира да инвестира до 600 милиони евра во проекти за обновлива енергија (ОИЕ) во Србија. Во Банатско Ново Село е предвидена изградба на ветерниот парк „Целзиус 1“ со моќност од 200 мегавати. Компанијата „Алказар“ има намера да изгради и други проекти за обновлива енергија (соларни електрани и ветерни централи) со вкупен капацитет од 768 мегавати во Србија. На веб-страницата на Алказар се наведува дека аквизицијата ќе биде завршена до крајот на годината.

„Оваа трансакција претставува значаен чекор за Aлказар енерџи партнерс кон постигнување на својата цел за изградба на средства за обновлива енергија во вредност од 600 милиони долари во Србија, како и да стане најголемата платформа за обновлива енергија во регионот, со вкупна цел од 1,2 милијарди долари во средства. Кога ќе бидат во целосна функција, овие проекти годишно ќе генерираат повеќе од 1.700 ГВч чиста енергија“, се наведува во соопштението што го пренесува РТС.

Ветерниот парк „Целзиус 1“ е проект на австриската компанија „РП Глобал“, која останува во бизнисот како партнер на Алказар. Вредноста на овој ветерен парк е околу 300 милиони американски долари. „Целзиус 1“ ќе произведува доволно чиста енергија за напојување на повеќе од 31.000 домаќинства годишно, притоа спречувајќи ослободување на околу 426.000 тони CO2 годишно. Проектот исто така се очекува да отвори повеќе од 800 работни места. Според проекциите на Стратегијата за развој на енергијата на Република Србија до 2025 година со проекции до 2030 година, вкупниот потенцијал на обновливите извори на енергија изнесува 5,65 милиони тони (тони еквивалент на нафта) годишно, пренесува Пословни дневник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот