
Која е суштината од пораките на Трамп во говорот пред ОН
Американскиот претседател Доналд Трамп ја искористи неделата на Генералното собрание на ОН за да испрати неколку пораки кои веќе одекнуваат од двете страни на Атлантикот. Доколку пораките се соберат се издвојуваат неколку важни и тоа околу можноста за строги тарифи „за да се изврши притисок врз Москва и нејзините клиенти“, критики за ефикасноста на ОН, пораката дека НАТО има право да соборува руски авиони што го нарушуваат воздушниот простор на земјите-членки и реторички пресврт – тврдењето дека Украина, со поддршка на Европа и НАТО, може да ја врати целата окупирана територија.
Препорачано
Позадината на сето ова, според аналализите на светските медиумски куќи наводно се зголемените инциденти на источното крило на Алијансата и прашањето за зависноста на Европа од руската енергија и азиското пренасочување на нафтените текови.

Во Њујорк, Трамп зборуваше за „строги тарифи“ како инструмент за притисок врз Русија, но и врз земјите што ги амортизираат санкциите со купување руска енергија. Ројтерс на оваа тема објави дека Белата куќа разгледува нова рунда тарифи насочени кон големите купувачи на руска нафта како што се Индија и Кина – со идеја да се намали приливот на енергија од Кремљ преку индиректен притисок врз најголемите пазарни вентили.
Доколку се усвои, политиката би ги прекинала постојните синџири на снабдување и дополнително би ги оптоварила трговските односи на Вашингтон со клучните азиски економии.
Трамп даде зелено светло за соборување руски авиони во Европа
Пораката на Трамп дека „НАТО има право да соборува руски авиони“ кои го нарушуваат воздушниот простор на земјите членки имаше посебен одглас. „Блумберг“ пишува дека пораката е упатена во контекст на сè почестите прелети и инциденти со беспилотни летала околу Балтикот и Полска, како и естонските обвинувања дека руски МиГ-31 накратко влегле во нивниот воздушен простор. Во пракса, таквата одлука сè уште останува во доменот на националните правила за употреба на сила и политичка проценка, но сигнализацијата од Вашингтон го зголемува кредибилитетот на реториката од Североисточна Европа.
Овој сигнал не дојде без претходна подготовка: на 10 септември, Полска објави дека соборила неколку руски беспилотни летала кои го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на масовниот напад врз Украина – прв пат членка на пактот да отвори оган во војна, дури и против беспилотни летала.
Ројтерс забележува дека инцидентот бил доволен за Варшава да затвори неколку аеродроми и да ги активира консултациите на НАТО, со проценка дека во нападот имало повеќе од 20 беспилотни летала, од кои до четири биле соборени од полските и сојузничките сили.
Во истиот камп на вести, Евроњуз објави дека НАТО „силно ја предупредил“ Москва по наводното нарушување на естонскиот воздушен простор, додека Алијансата го зголемила присуството на системи за воздушна одбрана и авиони за рано предупредување во Балтикот.
Иако ваквите изјави звучат ритуално, во пракса тие значат повеќе борбени смени, погусти радарски мрежи и побрза подготвеност на пресретнувачите – факти што ја зголемуваат цената на можна грешка или провокација.
Што значи тоа дека Украина ќе може да си ја поврати територијата?
Најголемиот реторички пресврт, сепак, се однесува на Украина. Во разговор со новинарите, Трамп рече дека „Украина, со поддршка на ЕУ и НАТО, може да возврати и да ја врати целата своја територија“, истакнувајќи дека Русија се соочува со економски тешкотии.
Ројтерс ја опишува оваа промена во тонот како „реторичка промена“ во споредба со претходните скептични пораки – политички важна, бидејќи влијае на очекувањата за обемот и темпото на помошта, дури и ако специфичните модалитети сè уште не се видливи.

Во исто време, Трамп остро ја критикуваше ефикасноста на Обединетите нации – велејќи дека организацијата има „огромен потенцијал“, но дека премногу често „сè останува на остри букви“.
Еј-би-си њуз објави извадоци од говори во кои американскиот претседател забележува дека ООН не ги запира војните и дека мора да се „мери со резултати, а не со декларации“. Ова е добро позната критика во Вашингтон, но искажана од говорницата на Генералното собрание на ОН носи поголема тежина: испраќа порака до донаторите и земјите членки дека САД ќе се фокусираат на коалиции на волјата и билатералната сила, кога мултилатерализмот се колеба.
Друг дел од пораката на Трамп е насочен кон Европа: „купување руска нафта и гас“. Во пракса, ЕУ брзо го намали директниот увоз на руска нафта по море, но руската нафта и нејзините деривати продолжуваат да си го наоѓаат патот преку „мешање“ и пренасочување на тековите од трети земји, првенствено Индија, Турција и Кина. Извештаите на „Блумберг“ за можни тарифи насочени кон овие индиректни канали покажуваат дека Вашингтон разгледува инструменти што би ги таргетирале „сивите“ текови – скапи за трговијата и геополитички чувствителни бидејќи влијаат врз партнерите чие потпирање на евтини енергетски влезови е реалност на индустриската конкурентност.
Што е суштината на говорот на Трамп во ООН
Во суштина, говорот на Трамп во ООН ја потврди намерата на Вашингтон да ја пренасочи тежината на конфликтот во Украина кон три паралелни линии: заострена безбедносна готовност на НАТО, економски притисок врз руските извори на моќ и политичко натиснување на европските сојузници да ја преземат поголемата сметка за војната. Таквата комбинација не нуди брзо решение, но создава рамка за постепено исцрпување на Москва без формална ескалација.
Прашањето што останува отворено е колку Европа и останатите партнери се подготвени да ја платат цената на оваа стратегија – и дали заострената реторика на САД ќе се претвори во долгорочна политика или ќе остане сигнал на моментална решителност.