Фото: Слободен печат

Која е поентата на ставањето функционери на американската „црна листа“? Утре во „Слободен печат“ интервју со Анџела Агелер, амбасадорка на САД

Која е поентата на ставањето функционери на американската „црна листа“, ако освен забраната за влез во САД не трпат други последици? Дали е можно Вашингтон да прекине со помошта за правосудството во Македонија со оглед на незадоволителната борба против корупцијата? Колку интеграцијата во Европската Унија може да помогне за поефикасни реформи во земјава и каква ќе биде политиката на новата американска администрација во однос на Балканот. На овие и на други актуелни прашања во емисијата „Слободен печат“ одговара амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер.

Изворите во САД, како да се купат билети за Оазис, смртта на Лиам Пејн, и кралската принцеза Кејт Мидлтон се најчестите содржини коишто Британците најчесто ги пребарувале на Гугл во текот на 2024 година. Што привлече најголем интерес таму разговараме со Жанета Скерлев.

И за крај анкета дали граѓаните купуваат брендирана гардероба од секнд хенд продавниците?

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот