
Кој заработува најмногу, а кој најмалку во Србија?
Просечната нето плата во Србија во јуни изнесувала 107.075 динари, според податоците на Републичкиот завод за статистика. Сепак, разликите во дејностите се огромни, па програмерите заработуваат најмногу, а услужните работници најмалку.
Препорачано
Највисоки плати се забележани во компјутерското програмирање, каде што просекот изнесувал 294.853 динари. Секторот за информатичка технологија и комуникации, кој ги вклучува програмерите, има вкупен просек од 237.767 динари- објави Каматица.
Покрај ИТ секторот, во јуни, најголеми плати имале вработените во тутунската индустрија 223.145 динари, воздушен сообраќај 234.185 динари и научно истражување и развој: 210.515 динари. Во споредба со водечките сектори, многу други индустрии имаат значително пониски просечни плати. Така во рударство платите се 132.637 динари, производствена индустрија 96.693 динари, сообраќај: 93.841 динари, градежништво 90.884 динари, трговија на големо и мало 89.237 динари и земјоделство 84.907 динари. На дното од листата се услужните дејности. Најниски плати се евидентирани во подготовка и послужување храна 60.584 динари и поправка на компјутери и предмети за лична употреба 62.467 динари
Во преработувачката индустрија, разликите се исто така големи, па платите се движат од 64.622 динари во преработката на дрво до 223.145 динари во производството на тутун.