Кој ќе го наследи Ворен Бафет?

Инвеститорот Ворен Бафет имплицираше кој ќе го наследи на чело на „Berkshire Hathaway“.

Иако не даде точен одговор на ова прашање, тој рече дека во најскоро време уште двајца од долгогодишните вработени на компанијата ќе се приклучат кон него и Чарли Мунгер за да одговорат на прашањата на акционерите.

„Не можете да имате подобри оперативни менаџери од Грег Еjбeл и Аџит Џај. Навистина е фантастично тоа што двете успеаја да го постигнат“, рече уште Бафет.

Во изминатата година, и двете беа промовирани во членовите на Одборот на директори, потсетува„CNBC“.

Бафет управува со „Berkshire Hathaway“ од 1960-тите, а во тој период инвестиции му носат приходи од 20% на годишно ниво, двојно од оној на „S&P500“.

88-годишниот милијардер одговори на друго интересно прашање за време на состанокот, запрашан за најголемите вредности во неговиот живот. Тој рече дека постојат две работи што не можете да ги купите со пари – време и љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот