
Кој е Павел Дуров – основачот на Телеграм?
Основачот и главен извршен директор на апликацијата Телеграм, Павел Дуров е уапсен од француската полиција на аеродромот Бурже. Триесет и деветгодишниот француско-руски милијардер пристигнал во Париз од Азербејџан со својот приватен авион.
Препорачано
Истрагата против Дуров наводно се однесува тоа што тој како извршен директор не презел чекори да го спречи користењето на Телеграм за криминални цели. Француската канцеларија задолжена за спречување насилство врз малолетници, издала налог за апсење на Дуров во прелиминарна истрага за наводни прекршоци, вклучувајќи измама, трговија со дрога, сајбер-малтретирање, организиран криминал и промовирање тероризам.
Дуров е роден во Русија и живее во Дубаи. Тој ја основаше платформата во 2013 година, а една година подоцна ја напушти Русија откако одби да одговори на барањата на властите во Москва да ги исклучи опозициските групи од неговата социјална платформа ВКонтакте, што претходно ја основаше и во меѓувреме ја продаде.
Апликацијата Телеграм беше забранета во Русија во 2018 година, откако Дуров одби да ги предаде на властите податоците на корисниците, но по три години, односно во 2021 година забраната беше повлечена. По неговото апсење, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на Телеграм објави пост во кој прашува дали западните невладини организации за човекови права ќе молчат за апсењето.
Телеграм е рангирана како една од главните платформи за социјални медиуми по Фејсбук, Јутјуб, Ватсап, Инстаграм, ТикТок и Вичет. Вредноста на оваа платформа се проценува на 30 милијарди долари. Линк