Српски динари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Кои се најплатените професии во Србија?

Просечната јунска нето плата на програмерите во Србија изнесувала 294.853 динари, според податоците на Републичкиот завод за статистика, што ги прави луѓето со оваа професија најплатени во земјата. Просечната јунска нето плата во сите професии во Србија изнесувала 107.075 динари- пишува Информер.

Највисоките плати се во компјутерското програмирање – 294.853 динари, а најниските во услужните дејности, каде што просекот бил 59.229 динари.
– Плати што надминуваат 200.000 динари во јуни им беа исплатени и на вработените во тутунската индустрија, 223.145 динари, во воздушниот транспорт, 234.185, и во научните истражувања и развој, 210.515 динари – се наведува во соопштението на РЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот