Клима / Фото: Профимедиа

Кое затоплување е најекономично?

Централното парно греење е на прво место, но не може секој да го има. Како одлична можност е и топлинска централна пумпа, но инвестицијата чини пари – вели енергетскиот експерт Константин Димитров

Кон крајот на летото почнуваат и подготовките за грејната сезона, а граѓаните се во дилема дали да ги затоплуват домовите со парно, дрва или струја. Енергетските експерти велат дека не може да се каже кое греење е финансиски најисплатливо, зашто освен цената на ресурсот и опремата, влијание има начинот на живеење, но и енергетската ефикасност на објектите.

-Централното парно греење е на прво место, но не може секој да го има. Како одлична можност е и топлинска централна пумпа, но инвестицијата чини пари – вели за МРТ1 енергетскиот експерт Константин Димитров.

Кон крајот на летото граѓаните со пресметки како грејната сезона да ја истераат со помалку трошоци. Дел од жителите на главниот град се приклучени на топлификациската мрежа. Најтешко ќе им биде на оние што се греат на струја, а оние кои ќе се топлат на дрва, треба да одвојат од 3 до 4.000 денари за еден кубик. За една грејна сезона едно домаќинство троши околу шест метри кубни дрва.

Паралелно, државата ги мотивира граѓаните да ги користат субвенциите за инвертери. Околу 170 милиони денари од државната каса пред стартот на оваа грејна сезона ќе се слеат на сметки на домаќинствата од ранливите категории кои бараат државна помош за набавката на инвертер клими.
Досега на јавниот оглас кој трае до петти октомври стигнале над 1.220 апликации за субвенции за 120 милиони денари имаат право да се пријават лица со ниски примања, но не и приматели на гарантирана минимална помош и социјални пензии. 50 милиони од вкупната сума е наменета за пензионери со минимален месечен приход.

Станува збор за клима уреди од класата а+ со инсталирана моќност од 3,5 киловати кои во време на високи ниво на загадување во зимскиот период немаат влијание врз животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот