Ивица Томовски / Фото: Фејсбук

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и така ќе остане, тврди Томовски од владината СОЗР

„Владата им пружи максимална поддршка на семејствата на повредените и загинатите во пожарот во Кочани и ќе продолжи да го прави тоа“, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

„Од Буџетот на државата се одвоени 30 милиони денари, и се додека трае процесот на закрепнување државата ќе прави и ќе даде се од себе за овие лица да продолжат нормално понатаму со својот живот, рече Томовски вечерва во интервју на „Канал 5“.

-Поделени се на сите семејства по 150 илјади првично помош, после тоа имаше нови 150 илјади на одредени семејства и сега последната транша на поделени пари беше од онаа анализа којашто ја направија стручните лица, медицинските лица, на кој колку додатно би му требале трошоци за долекување. Она што ние го одвоивме како средства директни од државата се почетни 30 милиони денари од резервите на Буџетот на државата коишто беа наменети за транспорт и сместување на лицата коишто се во поддршка на лицата коишто се на лекување во странство, рече Томовски.

Државата, додаде тој, овозможи и транспорт на членовите нна семејствата на повредените од Македонија до дестинациите каде што беа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот