фото: твитер

Коби Брајант кандидат за кошаркарската „Куќа на славни“

Резултатите ќе бидат објавени на 4 април додека во Куќата на славни во Спрингфилд е закажана за 28 и 30 август 2020 година.

Коби Брајант е еден од осумте кандидати за влез во кошаркарската Куќа на славните. Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс се најде на конечната листа со предлози што е обелоденета за време на Ол стар викендот во Чикаго.

Брајант освои пет шампионски прстени во кариерата и 18 пати учествуваше во Ол стар викендите. Покрај него, за Куќата на славни се номинирани и Тим Данкан, Кевин Гарнет и Тамика Кечингс од женската НБА лига.

Останатите четворица се Ким Малки, тренер на женската колеџ екипа Бејлор, Руди Томљановиќ, Барбара Стивенс и Еди Сатон.

За влез во Куќата на славни се потребни 18 гласа од Комисијата со 24 члена. Резултатите ќе бидат објавени на 4 април додека во Куќата на славни во Спрингфилд е закажана за 28 и 30 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!