Коалицијата за зелена иднина бара мораториум на рудникот „Тораница“ и истрага за новото заматување на Крива Река

Коалицијата за зелена иднина реагира со најостра осуда на повторното заматување на Крива Река и на сомнежите за нова хаварија во рудникот „Тораница“. Оттаму велат дека доколку се потврдат информациите за истекување на јаловина и/или други токсични супстанци, тогаш ќе имаме пред себе еколошка катастрофа, која, како што посочуваат, очигледно ќе остане неказнета само затоа што институциите избрале молк како „одговор“.

Централната и локалната власт покажуваат системска неспособност и отсуство на политичка волја кога станува збор за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

„Ова не е изолирана криза — ова е модел на функционирање. Додека Скопје и многу други градови ширум државата се дават во труежот од дивите депонии и додека граѓаните дишат канцерогени честички, истите институции се инертни пред јасни знаци на еколошка деградација во Крива Паланка. Таквото однесување е доказ дека власта не знае а и ниту сака да владее според словото на правото, ниту да ги преземе мерките за превенција и одговор. Тоа е политичка одлука за самоуништување на јавниот интерес“ велат од Коалицијата за зелена иднина.

Од Коалицијата бараат итни и функционални мерки: мораториум на сите активности на рудникот „Тораница“, земање примероци и независно, транспарентно лабораториско тестирање под надзор на меѓународни експерти; јавно објавување на резултатите; и стручна проценка на ризиците за здравјето на населението. Паралелно, бараме да се отвори брза и јавна истрага од страна на Јавното обвинителство за минатите и сегашните инциденти, со цел одговорните да се доведат пред законот.

„Ние, како коалиција составена од граѓански активисти, професионалци и политички чинители кои не прифаќаат клиентелистички практики, нема да молчиме додека природата и луѓето се третираат како ресурс за краткорочна добивка. Јавниот интерес и здравјето на заедницата се над секоја партиска калкулација. Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат на јавните расправи и да не дозволат случаите на еколошка опасност да бидат скриени зад бирократските оправдувања и празните ветувања.

Коалицијата за зелена иднина е реална алтернатива на системот што го фаворизира профитот пред живот. На претстојните локални избори кажете „не“ на неказнивоста и „да“ за зелена, одговорна и транспарентна локална власт која ќе ги штити реките, воздухот и иднината на нашите деца. Заокружете го бројот 8 — за општини кои делуваат и не се кријат“ порачаа од ДОМ.

Граѓаните бараат итна реакција и трајни решенија, со потсетување дека претходниот случај сè уште е предмет на постапка пред Јавното обвинителство.

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот