
Клеверли ќе потпише нов договор за мигрантите за време на посетата на Руанда
Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли за време на посетата на Руанда ќе потпише нов договор во врска со планот за испраќање мигранти во африканската земја, кој е блокиран од британските судови.
Препорачано
Клеверли планира да го посети Кигали додека британскиот премиер Риши Сунак се обидува да ги поправи правните дупки во планот за испраќање мигранти во африканската земја, откако британскиот Врховен суд одлучи да ја блокира таа политика. Се планира и усвојување закони за да може британскиот Парламент да потврди дека Руанда е безбедна дестинација за барателите на азил кои пристигнуваат во земјата.
Се очекува Клеверли да се сретне со својот колега Винсент Бирута за да потпишат договор и да разговараат за клучните следни чекори за таканареченото Партнерство за миграција и економски развој, соопшти Министерството за внатрешни работи.
За време на неговата прва посета во странство како министер за внатрешни работи, Клеверли ќе го посети споменикот посветен на жртвите од геноцидот во Кигали и ќе се сретне со претставници на британската Врховна комисија со седиште во главниот град на Руанда.