Д-р Катерина Паниќ-Мирчовска и Сашо Клековски / Фото: С. Клековски / Фејсбук

Клековски вели дека новата директорка на кочанската болница, д-р Катерина Мирчовска, „импресионира на прв впечаток“

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на „Фејсбук“ напиша дека новоназначената директорка на болницата во Кочани, докторката омилена на пациентите кои закрепнуваат од повредите од пожарот во дискотеката „Пулс“, „импресионира на прв впечаток“.

„Вчера за директорка на Општата болница Кочани е именувана Катерина Мирчовска, хирург. Веста помина штуро, со појаснување дека тоа е на барање на повредените од трагедијата за Кочани. Катерина ја запознав низ работата за повредените од трагедијата во Кочани. Импресионира на прв впечаток. Полна со енергија, посветена, професионална, со големо срце, ги знае во детали сите најразлични потреби на повредените. Катерина се откажа од својот трансфер во ГОБ 8 септември Скопје за да се посвети на повредените. Катерина е најдобар можен избор за водење на болницата во периодот на опоравување на повредените и ветува силно лидерство за болницата во овој критичен период. Честитки и целосна поддршка за Катерина!“, напиша Клековски во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот