фото: Голден Арт КЛ7

КЛ7 го изненади Пролет, Металург со домашни ракометари подобар од Работнички

Младиот тим на КЛ7 кој сезонава дебитира во Суперлигата, денеска приреди пријатно изненадување победувајќи го тимот на Пролет со 32:30. Младите ракометари предводени од тренерот Андон Бошковски до победата дојдоа благодарение на одличната игра во второто полувреме откако првиот дел заврши 14:14. Најдобар во редовите на КЛ7 кој дојде до втората победа сезонава беше Кристијан Симоновски со девет постигнати голови додека во редовите на Пролет, Ласко Андоновски постигна 10 гола.

Тимот на Металург и без странците успеа да го победи Работнички со 26:22 и да го задржи максималниот ефект сезонава.
Во првиот натпревар по заминувањето на Зоран Кастратовиќ од клупата на Металург, тимот од Автокоманда настапи без странските ракометари но и тоа не ги попречи да дојдат до победата над Работнички. Најдобар во редовите на Металург беше Мартин Серафимов со седум постигнати голови, додека во тимот на Работнички, Тоше Ончев исто така постигна седум гола.

фото: РК Голден Арт КЛ7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот