Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ќе се гради Центар за протези и финансиски ќе им се помага на повредените од Кочани, вети министерот

Во наредниот период ќе се гради Центар за протези во Скопје, а младите луѓе кои беа повредени во пожарот во кочанската дискотека и кои имаат потреба од дополнителни интервенции и третмани, коишто се скапи ќе бидат поддржани од страна на државата, рече министерот за здравство, Азир Алиу од Штип, кој одговараше на прашање, дали државата ќе ги финансира и поддржи повредните на коишто им претстојат скапи естетски интервенции.

-Свесни сме дека има третмани и процеси коишто чинат и се скапи, но ние како држава сме задолжени за секој граѓанин да им пружиме здравствена заштита, бидејќи тоа ни е законска надлежност. Јас, лично бев во Кочани и сега пред вас велам дека за секој процес, којшто бара финансии, ние ќе излеземе во пресрет. Исто така секој процес, којшто бара импортирање на знаења ќе направиме такви обуки и секој процес, којшто бара мобилност на нашите граѓани надвор од државата, исто така ќе го поддржиме. Тој процес нема да се заврши брзо, тие се долгорочни процеси и ќе ни треба долгорочен пристап – изјави Алиу.

Министерот за здравство вели дека е направена анализа од експертите од нашата држава, но и од експертите коишто беа вклучени директно или индиректно со трагедијата.

-Затоа работиме интензивно и имав неколку средби со неколку амбасади, за да може делот од пациентите да одат надвор од државата на дополнителни третмани и лекувања. Но, и да направиме и инфраструктура внатре во државата. На пример едно од таквите е протези да се генерираат. Ние немаме таква лабараторија. Направив средба со лица коишто се од Словенија и да видиме до каде е процедурата – рече Алиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот