Трамп, Зеленски, Макрон и Стармер/Фото: EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT

Ќе донесе ли „Коалицијата на волните“ конкретен план за Украина?

„Коалицијата на волните“, ад хок сојуз предводен од европски земји, со месеци одржува состаноци со цел да изгради безбедносен план за Украина по завршувањето на војната. Сепак, досегашните разговори произведоа малку конкретни резултати.

Нови надежи се појавија пред денешниот состанок кој беше закажан за 4 септември во Париз, откако генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, најави дека би можело да се добие појасна слика за колективната понуда. Дополнителна тежина на очекувањата дадоа и коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сугерираше дека САД би можеле да бидат дел од идните безбедносни гаранции, иако без конкретни детали, пишува РСЕ.

Американската улога како пресуден фактор

Иако од самиот почеток беше јасно дека Европа ќе го носи главниот товар – со Велика Британија, Франција и други држави кои ветуваа воени контингенти – плановите останаа условени од американска поддршка во логистика, воздушна заштита и разузнавање.

Како што наведува медиумот се чини дека токму во последните недели Вашингтон почнува да сигнализира поголема подготвеност за вклучување.

Според Руте, токму Трамп изразил намера за американска улога во гаранциите на безбедноста, што може да претставува значаен пресврт. Но, неизвесноста останува: се чека дали Трамп ќе се приклучи на парискиот состанок преку видео-врска и дали неговите најави ќе добијат конкретна форма.

Украина како „челичен бодликав ак“

Според повеќе пишувањата на угледни медиумски куќи безбедносните гаранции не се ограничени само на потенцијалното распоредување европски трупи, туку и на зајакнување на украинските вооружени сили.

Експерти како поранешниот британски воен аташе Џон Форман нагласуваат дека секој траен мир ќе бара силна и одржлива украинска армија, која нема да зависи од автоматична реакција на сојузниците.

Европските лидери, меѓу кои и Урсула фон дер Лајен, сè почесто зборуваат за модел во кој Украина ќе стане „челичен бодликав ак“ – доволно силна за да одврати идни агресори, без директна експонираност на европските војници.

Овој пристап може да стане најреалистичен компромис за „Коалицијата на волните“ во услови на продолжена руска инвазија и неуспешни дипломатски обиди за директна средба меѓу Зеленски и Путин.

Руте: Ќе обезбедиме мир преку сила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!