Желка/Илустративна фотграфија: EPA/FRANCIS R. MALASIG

Кинез се соочува со затворска казна за шверц на 850 желки скриени во чорапи

Кинез се изјасни за виновен пред американски суд за извоз на околу 850 заштитени желки завиткани во чорапи.

Помеѓу август 2023 и ноември 2024 година, тој извезе повеќе од 200 пакети со желките во Хонг Конг, соопшти Министерството за правда на САД. Кутиите требало да содржат пластични играчки, соопштија властите.

Повеќето од желките биле од два ендемски видови во САД, кои се многу барани од некои сопственици на домашни миленици, објавува Би-би-си.

Желките имаат уникатни ознаки на оклопите и се сметаат за симбол на општествениот статус во Кина, каде што често се чуваат како домашни миленици.

Американските власти велат дека желките имале вкупна пазарна вредност од 1,4 милиони долари, или повеќе од 1.500 долари секоја.

И двата вида, кои биле шверцувани во големи количини во 1990-тите, се заштитени со меѓународна конвенција. Трговијата може да се дозволи само со дозволи за извоз или сертификати за реекспорт.

Покрај желките, истиот обвинет извезе и 11 пакети влекачи, вклучувајќи отровни змии.

Неговата казна ќе биде објавена на 23 декември. Тој се соочува со затворска казна до пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот