Кинеските гиганти планираат нови инвестиции: Дали фабрика на BMW доаѓа во Србија?

Вицепремиерката и министерка за економија на Србија, Адријана Месаровиќ, се сретна со претставници на кинеските компании „GEB – Shandong Golden Empire Precision Machinery Technology“ и „MINT“, со кои разговараше за нови инвестиции, објави српското надлежно министерство. По средбата со претставниците на компанијата „MINT“, таа изјави дека оваа компанија вработува 3.000 луѓе во Србија и дека по изградбата на фабриките во Шабац и Лозница, сакаат да изградат нови капацитети и во други делови од земјата. Компанијата „GEB – Shandong Golden Empire Precision Machinery Technology“, како што истакна таа, планира да изгради фабрика во Србија за потребите на реномираниот производител на автомобили BMW. Министерката нагласи дека Србија е во потесниот избор за реализација на оваа голема инвестиција и дека се надева дека наскоро ќе има добри вести.

Ова, како што рече таа, ова е потврда дека големите глобални компании избираат да инвестираат во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот