Фото: Архива

Кинеските државни резерви за еден месец зголемени за 3.6 милијарди долари

Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони американски долари на крајот на мај 2025 година, што претставува зголемување од 3,6 милијарди долари или 0,11 отсто во споредба со крајот на април, покажуваат податоците на Државната управа за девизен надзор.

Според Меѓународното кинеско радио (ЦРИ), комбинираните ефекти од валутните курсеви и промените во цените на активите придонеле за растот на девизните резерви во мај.

Кинеската економија продолжува да се опоравува и да се подобрува, а квалитетот на економскиот развој постепено се унапредува, што обезбедува стабилност на девизните резерви на земјата, соопшти Државната управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот