Кинески замрзнати праски полни со штетни хемикалии дистрибуирани во Хрватска и Германија

Кинеско овошје полно со забранети хемикалии – откриени се дури четири видови – преку Словенија влегло во Хрватска и Германија. Како што е наведено во понеделникот во Европскиот систем за безбедност на храна (РАСФФ), четири штетни пестициди биле откриени во делови од замрзнати и излупени праски од Кина при влез во Словенија. Словенија извести дека праски биле дистрибуирани во две земји-членки на ЕУ – Хрватска и Германија. Ова го утврдила словенечката гранична контрола, по што пратката била пуштена, а до тие земји и до системот за брзо предупредување на ЕУ во трговијата со храна е испратено известување. Во плодот се пронајдени хлорпирифос-етил, карбендазим, флоникамид и прохлораз. Ниту најмала вредност не е дозволена бидејќи пестицидите се прогласени за штетни по здравјето на луѓето и се забранети во ЕУ. Засега не се знае што се случило со спорната пратка што влегла во Словенија, односно што е направено со неа во Хрватска и Германија, предупредува Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот