Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Кевин Магнусен нема да вози на трката во Азербејџан, доби суспензија

Кевин Магнусен од редовите на Хас нема да вози на наредната трка во Формула 1 која ќе се одржи на патеката во Азербејџан.

Причината се 12 акумулирани казнени поени на својата ФИА лиценца во последните 12 месеци. На вчерашната трка Магнусен имаше судир со Пјер Гасли и заработи казна, но и доби казнени поени на лиценцата.

Јасно беше дека следната санкција ќе значи и пробивање на максималната двоцифрена граница и поради тоа Магнусен ќе мора да паузира една трка.

Ианку, возачит не смеат да акумулираат 12 казнени поени или повеќе на својата лиценца. Магнусен е првиот возач кој успеал да ја пробие оваа граница и да добие суспензија. Во овој момент не е познато кој возач ќе биде неговата замена во Баку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот